ТРИО 95 постои од
1995 година кога започнува со производство на пици
,
а од 1999 година ја проширува својата дејност со
производство на смрзнати полуготови лиснати теста,
пирошки и
кори за пита и баклава. Компанијата работи во строго
контролирани технолошко-хигиенски услови.
ТРИО 95 располага со модерно опремен производствен
простор по најсовремени стандарди. Редовно ги следи
најсовремени светски трендови во производството на храна
и истите ги внесува во споствената производна програма.
TРИО 95 е единствен производител во
Македонија на готова филувана смрзната пица и филувани
смрзнати пирошки со правилно избалансиран состав на
внесени суровини. Токму поради тоа смрзнатите производи
на ТРИО 95 го задржуваат високиот квалитет и нутритивна
вредност и имаат подолг рок на траење.Во широкиот
асортиман на производи ТРИО 95 нуди богата палета
на смрзнати лиснати теста, смрзнати теста за пица, како
и кори за пита и баклава. Најново во производството на
лиснати теста се лиснатите погачицисо различни филови
од: спакаќ, кашкавал, јаболко и вишна. Компанијата ТРИО
95 функционира како семеен бизнис на семејството
Атанасоски, кое како едициран и професионален менаџерски
тим од самиот почеток го обмислува и надградува
бизнисот. Во иднина се планира да се извезува во
соседните земји и на други странски пазари, секогаш
водејќи се од мотото: "Квалитетот
секогаш се продава"
|